Објавена е една од долгоочекуваните божиќни реклами, а зад неа стои британскиот синџир „Џон Луис“.
И додека ѕвездата на минатогодишната реклама беше легендарниот музичар Елтон Џон, оваа година тоа е змејот Едгар.
Приказната во рекламата се врти околу девојчето Ејва и нејзиниот пријател, змејот Едгар, кој не може да го контролира испуштањето пламен, па ја уништува божиќната радост палејќи елки, топејќи снешковци...
Поради тоа, тој се повлекува во домот, но Ејва смислила како да му помогне. Што точно смислила, погледнете во видеото.
- Нашата овогодишна приказна за магијата на пријателството е за тоа како само еден внимателен гест може да направи разлика. Возбудата на Едгар поради празниците често доведува до огнени последици, но Ејва доаѓа до идеја за совршен подарок што би можел да му помогне - објаснуваат од „Џон Луис“.
Многу јутјуб-корисници што ја гледале рекламата сметаат дека станува збор за една од најдобрите божиќни реклами.
-
Рекламата е потсетник дека секој од нас има свое место во светот и нешто што може да понуди, дури и ако му е потребно малку време да се пронајде - е еден од коментарите.