Швајцарскиот производител на кафе „Чико д’Оро“ доби остри критики откако во рекламна кампања употреби слоган поврзан со концентрациониот логор Бухенвалд.
Јавноста реагирала откако во предградие на Берн, на дигитален билборд бил прикажан плакат на компанијата со седиште во Балерна, во кантонот Тичино. На плакатот со големи црни букви пишувало „Секому според заслугите“, заедно со два нови производи од брендот „Чико д’Оро“.
Спорната реченица е германски превод на латинската изрека „suum cuique“, која стана позната бидејќи била поставена на главната капија на логорот Бухенвалд, еден од најголемите нацистички логори. Во тој контекст, слоганот бил користен за понижување на затворениците и оправдување на идеолошкиот прогон.
Од компанијата соопштиле дека станува збор за сериозен пропуст.
Виторио Масполи изјавил дека кампањата првично била осмислена на италијански јазик, а потоа буквално преведена на француски и германски за прикажување низ цела Швајцарија. Според него, во компанијата не биле свесни за историското значење на слоганот.
Компанијата, основана во 1949 година, соопштила дека ѝ е жал поради настанатата ситуација.
Откако биле предупредени од еден купувач, ја контактирале агенцијата задолжена за рекламите, а германските верзии на плакатите во меѓувреме биле изменети и сега се прикажуваат без спорниот натпис.
Извор:
021.rs
Фото: Magnific