X
 10.02.2017 Култура

Салман Ружди пишува роман за Обама и Трамп


Салман Ружди

Сер Салман Ружди (1947)  е англоиндиски писател и есеист, со препознатлив книжевен стил, што критичарите го нарекуваат магичен реализам.

Доминантна тема во неговите дела се поврзаноста, разединетоста и миграциите меѓу Истокот и Западот.

Најпознати негови дела се „Деца на полноќта“ (1981) и „Сатански стихови“ (1988). Првиот роман се најде на удар на хиндуистите, кои го протолкуваа како критички осврт кон раѓањето на современиот индиски идентитет, а за вториот реагираа муслиманите, сметајќи дека се работи за дискредитација на пророкот Мухамед. Заради тоа, тогашниот ирански верски водач Хомеини издаде фатва (верски проглас) со осуда за Ружди и неговото дело, кое беше забрането во поголемиот дел муслимански земји.

Новиот роман на Ружди со наслов „Златната куќа“ говори за периодот во доба на поранешниот американски претседател Барак Обама, но и за неговиот наследник, Доналд Трамп.

Издавачката куќа „Random House“ соопштува дека новата книга на Салман Ружди ќе опфати многу интересни теми: од создавањето на Движењето „Tea party“ во 2009, политиките на идентитетот па сè до појавата и подемот на извесен „медиумски снаодлив никаквец“ со необична фризура, наведува агенцијата AP.

Се очекува романот да се најде во книжарниците во септември.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура