Еден холандски град, дојде до радикално решение за опасностите со кои луѓето се соочуваат кога ги преминуваат улиците, а зјапаат во нивните телефони - инсталираше семафори на земјата за да им овозможи на пешаците да знаат кога е безбедно да преминат.
Градот Бодегравен во централна Холандија ги инсталира овие ЛЕД ленти на тротоарите - лентите светат зелено кога е безбедно да ја преминат улицата, црвено кога има сообраќај, и светкаат кога ќе се променат.
Светлата се инсталирани на раскрсници близу училиштата и во моментот ги има само на страна од патот, иако можат da се прошират за на пешаците да им дадат директен пат до спротивниот премин.
Иноваторите се надеваат дека проектот „+Ligh Line“ спроведен од компанијата за сообраќајни системи „HIG“, ќе го спречи ризикот од несреќи кои најчесто се предизвикани од луѓе кои постојано гледаат во телефоните додека преминуваат улици.
„Привлечноста на социјалните медиуми, игрите, и музиката е голема и доаѓа на сметка на вниманието на сообраќајот“, изјави холандскиот советник Кис Оскам. Сепак, холандската група за безбедност „VVN“ смета дека со ваквото инсталирање се поттикнува лошото однесување.
Ова не е единствениот град кој инсталира вакви трепкачки светла - минатата година германскиот град Аугсбург инсталира светла до семафорите, а кинескиот град Чонгкинг создаде
тротоари со две ленти - една за редовни пешаци, а друга за оние кои ги користат телефоните.
Истражување спроведено во Европа покажа дека речиси петтина од пешаците ги користат своите мобилни телефони додека преминуваат улица, без разлика дали се јавуваат, испраќаат порака или користат апликации.