Исечоци од книгата „
Blitzed: Drugs in the Third Reich“, која настанала по пет години истражување.
Обидот за атентат го претворил Хитлер во зависник од кокаин, така тврди авторот на книгата Норман Охлер. Тој истражувал и прегледувал медицински документи, државни записи, писма од нацисти и воени известувања кои се наоѓаат во националните архиви во Берлин и Вашингтон. И покрај теренското истражување, веродостојноста на книгата е доведена во прашање од страна на некои критичари.
А и самиот автор признал дека користел „искривена перспектива“. Ова се неколку исечоци од книгата.
По атентатот, повикан бил д-р
Ервин Гисинг, оториноларинголог. Кажано му било пред првата средба, дека Хитлер е некој вид на моќен и мистичен Супермен, но тој всушност сретнал наведната фигура на човек со боси нозе, па Гисинг напишал:
„Лицето му беше бледо и потечено, имаше големи подочници. Неговите очи не оставија фасцинантен впечаток кој така често беше опишуван во весниците. Посебно бев изненаден од неговите брчки, а косата му беше седа. Лицето му беше свежо избричено, но кожата овената, сметав дека тоа е од замор. Говорот неприродно гласен. Остарен, речиси истрошен и исцрпен човек, кој мораше да продолжи понатаму со силата која му преостанала“.
Во невролошка смисла, специјалистот го опишал пациентот како нормален – без халуцинации, добра меморија и јасно чувство за време и место, но сепак сметал дека е емоционално нестабилен – или е љубов или е омраза. Кога ги прегледал ушните тапанчиња на Хитлер, специјалистот забележал пукнатина на десното уво и помала повреда на левото. Додека ја третирал повредата, се воодушевувал на неверојатната смиреност на Хитлер. Не чувствувал никаква болка, рекол Хитлер. Но, тоа можело да е и од лекот против болка кој најверојатно му го дал општиот лекар пред специјалистот да дојде, но тоа не може да се потврди бидејќи двајцата доктори не разговарале меѓусебно.
Гисинг не дошол со празни раце – негов омилен лек против болки бил кокаинот, а таа супстанца нацистите ја презирале како еврејска дегенеративна дрога. Овој избор на лек не е така необичен бидејќи во тоа време немало многу алтернативи за локална анестезија и кокаинот бил достапен како лек во секоја аптека.
Ако може да се верува на Гисинг, единствениот сведок на овој случај, Хитлер земал повеќе од 50 патин кокаин како препишан лек во рок од 75 дена. Тоа бил чист првокласен кокаин приозведуван од „Merck“, а се доставувал со курир кој доаѓал со воз од Берлин. Според извештаие, Хитлер тврдел дека се чувствувал неверојатно полесно и безгрижно заради кокаинот и можел појасно да размислува. Таквиот ефект траел од 4 до 6 часа, а веројатно е дека Хитлер дополнително земал и покрај препишаната доза. Хитлер почнал многу често да бара од кокаинот, па Гисинг се посомневал дека тој го злоупотребува.
Еднаш ја послушал својата докторска совест па одбил да му ја даде дрогата на Хитлер. Тој ден Хитлер не се појавил на состанок и само изјавил дека не езаинтересиран за ситуацијата на источниот фронт. Гисиниг му ветил кокаин, но за взврат барал да му дозволи целосно да го прегледа. Хитлер прифатил иако претходно постојано одбивал. Дури се појавил и гол пред докторот, па бил подготвен за следната кокаинска доза. „Погледнете во мојот нос и повторно дајте ми кокаин за да се ослободам од овој притисок во главата. Имам важни работи за денес“. Гисинг послушал и му ја одобрил дрогата за која се верува дека предизвикала несвестица кај хитлер. Ако извештајот на специјалистот е точен, тогаш Хитлер за малку ќе починел од предозирање.