X
 26.11.2018 Живот

Вака требало да изгледа главниот град на Хитлер

Нацистичкиот главен град на светот бил плод на умот на Адолф Хитлер и неговиот помошник Алберт Шпир. Проектот бил започнат во 1937 година. Бил направен голем модел. Биле отстранети големи делови од Берлин и сето тоа истовремено додека се планирал холокаустот.

Хитлер сакал да ја нарече визијата „Велтхаупштад“ (метропола на светот Германија) и во теорија требало да биде готова до 1950 година. Шпир веќе го импресионирал Хитлер со неговата работа во Нирнберг, каде што намерно ја реинтерпретирал класичната архитектура во масивни нацистички градби дизајнирани да исплашат и да го зајакнат впечатокот на моќ.

Нивната идеја била да се преземат сите монументални градби, булевари или скулптури што Европа ги имала и да направат копија, само неколку пати поголема. Повеќето од тие убавини би се наоѓале на булевар долг седум километри, а би ги илустрирале големината и моќта на нацистичка Германија.


Фото: Wikimedia Commons


На југот би се наоѓала Триумфалната капија, иста како онаа во Франција, само шест пати поголема. На север булеварот би се отворил кон огромна ледина каде што би се одржувале паради. Тука некаде би се наоѓале и големите Хитлерови дворци.

Неговите дворци биле инспирирани од елегантните градби на римскиот Пантеон и базиликата „Св. Петар“, но за Хитлер големината била поважна од елеганцијата. Некои велат дека сериозно компензирал. Одаите требало да имаат 99.000 квадратни метри и би биле изградени со 200.000 тони материјал. Ова би било центар на нацистичкиот култ и срцето на градот, како и најголемата затворена зграда во светот што би можела да прими 180.000 луѓе. Само здивот на овие луѓе би создал дожд бидејќи на таваните би се појавила влага.

Биле направени само мал број згради, а канцеларијата на Хитлер била уништена при бомбардирањето на Берлин во 1945 година. Десетина километри од центарот бил направен стадионот за Олимпијадата во Берлин, која се одржувала во 1936 година. Била најголема во Европа, слична на римскиот Колосеум, но 200 метри подолга. По успехот на игрите, Хитлер заклучил дека му е потребна помасивна арена, но таа била изградена до половина.


Фото: Wikimedia Commons


Останатиот дел од велеградот би бил со патишта, железници, тунели и населени места. Но, жителите би морале да се движат низ комплицирани тунели под земја за да не се нарушат убавината и хармонијата на надворешноста.

Архитектурата била искористена буквално и метафорички за да се убијат луѓето во поим.

Цели берлински квартови биле израмнети со земјата, биле одземени над 60.000 стана и над 100.000 Германци останале без покрив над главата. Од Евреите биле одземени 25.000 стана. Биле исфрлени, испратени во гетото, па во логорите на смртта, а Германците без домови биле принудени да живеат во еврејските домови.

Едно време Евреите биле работници. Шпир наводно рекол дека Евреин научил да работи со тула за време на египетското ропство.

Токму тоа е почетокот на холокаустот. Грос-Росен, Бухенвалд и Маутхаузен се логори на смртта кои биле изградени покрај каменолом, додека логорот Захсенхаузен бил направен покрај фабрика за тули. Шпир потпишал договор со СС за сите тули да одат на градилиштето Германија. 10.000 луѓе починале од постојаната работа на студ.


Фото: Wikimedia Commons


Работната сила од 130.000 луѓе не ја сочинувале само Евреи, туку и воени затвореници, а започнало и собирањето на Роми, хомосексуалци и питачи за да се „засили“ производството.

Хитлер имал свои внатрешни критичари. Соработникот на Шпир, Ханс Стефан, нацртал неколку карикатури што прават пародија од мегаломанијата. Сметал дека овие планови се спротивни на историјата и културата на Германија и затоа се навредливи.

Изградбата престанала како што напредувала војната. Шпир бил толку убеден во победата на нацистите, што се радувал на бомбардирањето на Берлин бидејќи сѐ ќе се срамнело со земјата и ќе можело да се започне со вистинска изградба. 


Фото: Wikimedia Commons

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот