X
 28.09.2021 Здравје

Три лека за ковид-19 во крајна фаза на тестирање

Истражувачите развиваат лекови за третирање ковид-19 кои истовремено ги намалуваат шансите за пренесување на болеста на други луѓе. Лековите може да бидат готови до крајот на годината.

Во моментов се одвиваат клинички тестирања на три третмани за болеста, а тие се состојат од пилули кои се пијат веднаш по дијагноза на ковид-19. Овие третмани би функционирале слично како третмани за хепатит Ц, ХИВ и грип, односно би го спречувале вирусот да се размножува во телото.

Резултатите од тестирањата на третманите може да ги имаме есенва или зимава.

Еден од лековите што се тестираат е од „Мерк енд ко“ и „Риџбек баотерапјутикс“, еден е од „Фајзер“, а третиот е од „Рош“ и „Атиа фармасутиклс“.

Доколку резултатите се позитивни, тие може брзо да бидат одобрени за итна употреба. Во клиничките тестирања лековите им се даваат на волонтери кои се позитивни на ковид-19, а не биле вакцинирани.

Извор: Futurism
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје