Руска компанија за мобилни телефони му оддала почит на Владимир Путин, на тој начин што ја насликала неговата глава на црн и златен модел на Нокиа 3310.
Легендарниот модел на
Нокиа е повторно лансиран, а „Caviar phone company“ одговорила со понуда на верзија која ја нарекле „
Supremo Putin“. Тие сметаат дека телефонот е луксузен и стилски, па комплетно потсетува на рускиот претседател. Првиот модел на телефонот беше лансиран во 2000 година, периодот кога и Путин беше избран за претседател.
Ова не е прв модел на телефон на кој се појавува ликот на Путин, бидејќи тоа се случи и со златната верзија на „iPhone 6“ со дизајн креиран од Италијанска компанија која ја поседуваат Руси.