X
 07.03.2017 Економија

Зошто казните за прекршоците се пресметуваат во евра?


 
Зошто казните за сообраќајните прекршоци, но и општо казните за други прекршоци се пресметуваат во евра? Токму ова се запрашал скопјанецот К.С. кога пред извесно време отишол да си ја плати казната во МВР зашто поминал улица на црвено светло. Имено, кога полицаецот му ја пишал казната од 50 евра, му рекол дека ако ја плати во рок од осум дена глобата е половина, односно 1.500 денари. Така и направил, но вработената на шалтер му побарала да оди да доплати уште 40 денари, во спротивно ќе му стигне нова казна. Наводно многу граѓани правеле грешки при пресметувањето на еврата во денари, па затоа подоцна им стигале нови казни.

- Штом полицаецот ми кажа дека постои шанса да си спасам 1.500 денари, веднаш следниот ден уплатив во банка и отидов во МВР да ја оставам уплатницата. Ама на шалтерот ми велат: „Момче, 25 евра се 1.540 денари, треба уште 40 денари да си платиш зашто може за тие 40 денари да ти стигне повторно казна“. Ова ме зачуде, но вработениот на шалтер ми кажа дека имало многу вакви случаи. Кога го прашав зошто тогаш казните се во евра и ако е така, секој плаќа различно, зависно од курсот , не знаеше да ми даде одговор - вели овој скопјанец.

Ние побаравме одговор од Министерството за внатрешни работи зошто глобите за сообраќајните прекршоци се пресметуваат во евра. Оттаму ни одговорија дека надлежните организациски единици за контрола и регулирање на сообраќајот на патиштата во МВР, односно БЈБ, спроведувајќи ги законите кои ја регулираат оваа област, во случаите кога констатираат и документираат сообраќајни и други прекршоци доследно и законито изрекуваат и глоби кои законодавецот ги определил со одредбите во посебните закони од оваа област, вкучително и Законот за прекршоци.

- Со одредбите во областните закони (ЗБСП, ЗВ и други) кои ги спроведуваме вклучително и во системскиот закон за прекршоци, висината на глобите за прекршоците е утврдена на начин што истите согласно фискалата политика во земјава се изразени во (конвертибилната валута) евро и се пресметува во денарска противвредност. Во оваа смилсла укажуваме дека точната сума на висината на изречената глоба изразена во денарска противвредност се определува на денот на уплатата на истата, согласно официјалниот курс на Народната банка - велат од МВР.
Подготвил: М.Ф.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија