X
 14.03.2017 Култура

Како ќе функционира „Google Translate“ со новиот систем?


Државни знамиња ја формираат буквата G

Google се обидува да го подобри функционирањето на Google Translate, така што поддржуваат сè поголем број јазици со својот софтвер за преведување.

Софтверот користи длабоки неврални мрежи – компјутерски системи кои се базираат на работата на човечкиот мозок и нервниот систем, за да би можеле да преведуваат цели реченици, не само фрази, пишува Business Insider.

Google објави дека рускиот, виетнамскиот и хинду јазиците веќе во следните неколку недели ќе бидат обработувани со неврален машински превод. Осум светски јазици веќе ја користат таа технологија.

„Невралниот превод е значително подобар од поранешната технологија, затоа што одеднаш се преведуваат цели реченици, наместо само делови. Заради тоа преводите се попрецизни и звучат поблиску на начинот на кој се зборува конкретниот јазик“, објаснуваат од Google Translate, додавајќи дека во следните недели ќе продолжат со префрлување на други јазици  на новиот систем.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура