Во последно време многу научно неосновани ставови шират страв од несаканите ефекти на вакцините. Многумина ги изгнорираат стручњаците, инфектолозите и епидемолозите и одбиваат да ги вакцинираат своите деца.
Фото извор: hir.ma
Големите сипаници за прв пат се појавуваат во Бостон во 1721 година и се донесени од доселеници од Европа. Истата година е заразено 60% од населението. Тогаш се споменува и дека во Африка постои начин за предупредување од заразни болести што се нарекува онкулација. Овој метод е применет од д-р Забдиел Бојстон врз своите деца и со ова ги вознемирил локалните жители. Се појавиле две групи: проинокулатори и антиинокулатори. Три години подоцна, д-р Бојстон објавил студија во која докажува дека оние кои не се инокулирани имаат седум пати поголема шанса да заболат од големи сипаници.
Британската влада во 1853 наредила сите деца до 6 години да бидат
вакцинирани од болеста, а родителите кои одбивале морале да платат големи парични казни. Овие случувања го поттикнале основањето на првата моќна организација против вакцинацијата, Лига против задолжително вакцинирање, а во следните 30 годиниширум земјата формирани се уште 200 слични организации. Во Англија во наредните години е забележан висок морталитет.
Влијанието на овие организации сепак варирало низ годините. Најголемите реакции се за безбедноста на вакцините и последниот таков инцидент се случил во 1998 година кога британскиот доктор Ендру Вејкфилд објавил студија во која докажува дека ММР вакцината предизвикува аутизам. Оваа студија подоцна е демантирана од бројни други студии.
Во последните години организациите кои се против вакцинациите ги промовираат своите идеи и на социјалните мрежи и шират страв и понатаму од ефектите од вакцините. Минатата година е направено истражување со околу 66.000 луѓе од 67 земји со кое се докажало дека 12% од луѓето на светот стравуваат од вакцините.
Поголемиот дел од сојузните држави на САД дозволуваат одбивање на имунизација поради верски убедувања. Освен тоа во 18 сојузни држави граѓаните не мора да се вакцинираат ни поради морални и лични причини. Во последните 10 години родителите се повикуваат на ова повеќе од кога било. Американското педијатриско друштво објавува дека бројот на лица кои одбиле да се вакцинираат во последните 7 години се зголемил за 12%. Покрај тоа родителите свесно доцнат со вакцинациите иако генерално не се декларираат дека се против имунизација.
Темата останува отворена за дебатирање, иако поголемиот дел од родителите продолжуваат да ги вакцинираат своите деца. Иако тврдењата од стручните лица се дека генерално вакцините се безбедни, сомнежи во јавноста и понатаму постојат.