Веселата дружељубива и комуникативна Русинка, Роса Шанина, го привлекувала вниманието каде и да се појавела. Освен исклучителната убавина, ја красела и голема храброст.
Нејзината одлучност да се бори против непријателот отишла толку далеку што била подготвена да му пише на Сталин да ја испрати во првите борбени редови.
Смртта на браќата
Роса имала пет браќа и една сестра. Името го добила по Роза Луксембург, поборничката и борец за работничките права и правата на жените.
Почнала да работи во детска градинка на која поставила доброволци во одбрана на градинката од пожар во текот на германските инвазијата на СССР.
На 17-годишна возраст се вклучила во советскиот војнички центар.
Во 1941 година, нејзиниот брат загинал во опсадата на Ленинград, а потоа загубила уште двајца браќа и ништо не можело да ја спречи да се вклучи во војната.
На 18 години сепријавила на обука за снајперисти.
Во 1944 година го убила првиот германски офицер, а потоа уште 17 други.
Сојузничките весници ја опишувале Шанина како „невидлив терор во Источна Прусија“. Дури и постарите и поискусните војници ѝ изразувале голема почит. Три месеци пред завршувањето на војната, загинала во подрачјето на Источна Прусија.
Медал за храброст
Еден месец пред смртта, добила медал за храброст. Десет дена пред да загине, во својот дневник напишала: „Суштината на мојата среќа е да се борам за среќата на другите. Тоа е чудно... зашто во граматиката зборот ’среќа‘ може да биде само во еднина? Тоа е во спротивност со нејзиното значење, после сè... Ако се востанови дека треба да се умре за заедничката среќа, тогаш сум спремна на тоа.“
Роса била една од 2.484 жени кои во текот на Втората светска војна војувале како снајперистки за Советскиот сојуз. Жените
снајперистики усмртиле околу 11.280 непријателски војници.