11 кандидати се приклучија на претседателската трка во Франција, а кампањата е во нејзината завршна фаза пред изборите на 23 април.
Фото: Getty images
Постојат 4 главни фаворити, така што неизвесно е кој и дали некој ќе обезбеди целосно мнозинство.
За прв пат во 15 години, крајнодесничарскиот Национален фронт има реални шанси за победа под водство на Марин Ле Пен.
Поранешниот фаворит, централно-десничарскиот републиканец Франсоа Фијон, сè уште е во трката и покрај тоа што е под истрага за наводна злоупотреба на јавните фондови. Екстремно левичарскиот кандидат Жан Лук Меланшон моментално е во пораст.
За првпат во историјата на современа Франција, актуелниот социјалистички претседател Франсоа Оланд не се кандидира за втор мандат поради лошиот рејтинг.
Еве што треба да знаете за претседателските избори во Франција.
Марин Ле Пен, Национален фронт
Фото: Getty images
Марин го презеде водството на Националниот фронт во јануари 2011 година и дојде на третото место на претседателските избори наредната година. Таа донесе големи добивки на регионалните избори на крајот на 2015 година.
Анкетите покажуваат дека е изедначена со Емануел Макрон меѓутоа мала е веројатноста да го победи во вториот круг.
Во 2010 година, пред да биде избрана за претседател Марин ги спореди муслиманите кои се молат на улиците со германската окупација. Но, од 2011 година таа го омекна нејзиниот тон и се обиде да изгради мост со еврејската заедница.
Како што се приближуваа изборите таа ја зајакна нејзината позиција ветувајќи дека ќе ја прекине легалната имиграција. Таа исто така предизвика бес кога погрешно се изрази и рече дека Франција нема никаква одговорност за депортирањето на 13.000 Евреи во Втората светска војна.
Двапати е разведена, има три деца и живее во западното преградие на Париз.
Што таа сака:
- Преговори со Брисел за нова ЕУ, проследена со референдум
- „Автоматско“ протерување на нелегалните имигранти и легалните имигранти до 10.000 годишно после итен мораториум
- Затворање на екстремистичките џамии
- Возраст на пензионирање на 60 години и 35 часовна работна недела
Емануел Макрон, Во движење
Фото: Getty images
На 39 години тој има вистинска шанса да стане најмладиот претседател на Франција, бидејќи анкетите покажуваат дека ако успее да влезе во вториот круг на 7 мај, ќе ја порази Марин Ле Пен.
Тој не е пратеник и никогаш не учествувал на избори, меѓутоа неговата политичка пораст е метеорска. Работел како економски советник на претседателот Оланд пред да ја преземи функцијата министер за економија во 2014 година.
Кога ја основа партијата Во движење како „ниту левичарска ниту десничарска“ во април 2016 година, неговата позиција во социјалистичката влада стана неодржлива и тој поднесе оставка пред да ја започне претседателската трка.
Макрон е во брак со неговата поранешна професорка по француски јазик која е 20 години постара од него.
Што тој сака:
- 50 милијарди евра план за јавни инвестиции за да покрие работа-обука, излез од јагленот и префрлување на обновливи извори на енергија, инфраструктура и модернизација
- Надомест на вкупните трошоци за очила, протези и слушни помагала
- Големо намалување на данокот на доход и поголема слобода за компаниите да преговараат за 35 часовна работна недела
- Намалување на стапката на невработеност до 7% (сега е 9.7%)
- Забрана за користење на мобилни телефони во училиштата за учениците под 15 години и 500 евра културна пропусница за 18 годишните
Франсоа Фијон, Републиканци
Фото: Getty images
Кога Фијон ја доби номинацијата за претседател од неговата централно-десничарска партија, тој веднаш стана фаворит. Тој успешно ги победи Никола Саркози и Ален Жипе, кои низ годините беа проследени со контроверзии. Сега контроверзиите го следат токму Фијон.
Беше обвинет дека сопругата и двете деца неправилно добивале јавни средства. На почеток изјави дека ќе се повлече од трката ако е ставен под формална истрага, но јасно беше дека ќе се премисли.
И покрај истрагата, тој не е далеку позади двата фаворити на изборите и неговата кампања станува убедлива.
Фијон студирал право и се оженил со неговата сопруга од Велш, Пенелопе Кларк во 1980 година. Имаат 5 деца.
Што тој сака:
- Работни места во јавниот сектор и работната недела од 35 часа.
- Отстранување на данокот на богатство
- Да им го укине француското државјанство на џихадистите кои се враќаат од војните во Ирак и Сирија
- Укинување на санкциите на ЕУ за Русија и помош за сирискиот претседател Башар ал-Асад за да ја порази Исламска држава.
Жан Лук Меленшон, „La France Insoumise“
Фото: Getty images
Екстремно левичарот Жан Лук е помеѓу четирите главни фаворити и е поздравен како сериозен кандидат.
„Уште еднаш, тие најавуваат дека мојата изборна победа ќе предизвика нуклеарна зима, чума од жаби, тенкови од Црвената Армија“, изјави Меленшон.
Тој го зазеде центарот на вниманието со остра духовитост на телевизиските дебати и ја импресионира публиката со својата високо технолошка употреба на холограми, проектирајќи ја неговата слика на митинзите во шест градови истовремено.
Што тој сака:
- Гласање на возраст од 16 години и „Шестата република“ да го замени постоечкиот претседателски систем
- Уставотворното собрание да се здобие со поголеми овластувања
- Преговор за договорите на ЕУ, со цел мерките за штедење да ѝ овозможат на француската држава да направи голема еколошка програма за стимулирање на економијата
- Нула бездомништво и целосен надомест на здравствената заштита
- Да се препознае истоштеноста и умореноста како професионална болест
Беноа Хамон, Социјалистичка партија
Фото: Getty images
Познат како левичарски бунтовник во рамките на Социјалистичката партија, поранешниот министер за образование, Беноа Хамон го победи поранешниот премиер Мануел Валс.
Познат како францускиот Бени Сандерс тој се бори да стигне на врвот на претседателската трка, делумно поради конкуренцијата од Жан-Лук.
Што тој сака:
- Да ја легализира марихуаната и да го оданочи богатството генерирано од страна на роботи кои се на работните места на луѓето
- Да го поништи законот од 2016 година со кој полесно се вработуваат и отпуштаат работниците
- План за основен приход за зголемување на платите на оние кои заработуваат помалку од 2.185 евра месечно
- Секој невработен да добива 600 евра месечно, а оние со минимална плата околу 200 евра месечно
- Обновливи извори на енергија да формираат 50% од електричната енергија до 2025 година
Ова се другите шест кандидати кои учествуваат во претседателската трка:
Фото: Getty images
Натали Артауд, Борба на работниците - Бара да се забрани отпуштањето и намалувањето на работните места; бара зголемување на платите и пензиите до 1.800 евра; наметнување на контрола за работниците на претпријатија и сопственост на средствата за производство.
Франсоа Аселине, Популарна републичка унија - Националист кој е анти-американски насочен. Бара повлекување на
Франција од ЕУ, повлекување на еврото и повлекување од НАТО.
Жак Шеминад, поранешен државен службеник во Министерството за економија - Има за цел Франција да излезе од ЕУ како и да се укине еврото.
Никола Дупонт-Аигнан, Debout La France“ - Сака да ја напушти еврозоната и да се откаже од ЕУ, повисоки етички стандарди за избраните функционери, и ставање на борбата против тероризмот во центарот на надворешната политика.
Фото: Getty images
Жан Ласал, независен пратеник - Жан сака да преговара за европските договори. Во 2006 година штрајкуваше со глад во обид да зачува 140 работни места во една фабрика.
Филип Поуто, поранешен фабрички работник - Сака да ја намали старосната граница за пензионирање на 60 години, намалување на работната недела на 32 часа како и да ги направи абортусот и контрацепцијата бесплатни и достапни.