Во центарот на Белград постои стан во кој неодамна своето место го најде и еден црн телефон со бројчаник. Освен него, мебелот, лампите, ѕидните чинии, сувенирите и постерите, сите водат потекло од поранешна СФРЈ.
Фото извор: Моника Павловиќ
Сопственикот на станот е Марио Милаковиќ, кој е воедно и дипломиран костимограф. По враќањето од студиите во Јапонија тој решил да се посвети на креативна работа и дошол до идеја семејниот стан да го преуреди во музеј со преспивање. На почеток спиел со гости, но кога сфатил дека така ја губи приватноста целиот стан го претворил во југословенски дом.
Сиот мебел и покуќнина во станот е негова ретро инспирација. Во Јапонија осознал дека е апсурдно во Белград да го имитира Париз или Њујорк, а најдобро што може да им се пласира на туристите од страна е нешто домашно и автентично.
Фото извор: Моника Павловиќ
Фото извор: Моника Павловиќ
Користејќи го знаењето стекнато на студиите во Белград, сам го реставрирал мебелот, освен поединечни делови кои ги превзеле познавачите на занаетот, на пример за тапети и други мајстори. Марко многу истражувал додека не најде сѐ што замислил за да го смести во станот.
Фото извор: Моника Павловиќ
Фото извор: Моника Павловиќ
Тој е од последната генерација на Титовите пионери, а својата пионерска капа и марама и понатаму ги чува и раскажува сеќавања од тие денови. Вели дека нема многу гости од бивша Југославија, но дека доаѓаат туристи од Австралија и Канада кои кажуваат дека
мебелот ги потсетува на куќите на нивните баби.
Фото извор: Моника Павловиќ
Фото извор: Моника Павловиќ
Фото извор: Моника Павловиќ