X
 19.05.2018 Живот

Животниот век во Југославија: Во која република најдолго се живеело?

Мај 1978: За три децении многу нешта се променија во Југославија и на многу промени луѓето се гордеат и денес. Многу се интересни промените во личната карта на Југославија. Таа денес е средно голема земја. На нејзината територија од 255.804 квадратни километри живеат околу 23 милиони луѓе - пренесува Југопапир

За да се потсетиме како растеше Југославија, ќе се вратиме во нејзиното не толку далечно минато.

По војната, за време на првиот попис на населението во 1948 година, Југославија имала 15.772.000 жители, а во 1977 година 21.767.000 или речиси шест милиони повеќе, што е еднакво на бројот на населението на некои помали европски земји. Таквиот раст на бројот на населението ја зголеми и густината. На пример, во 1978 година имало 62 жители на квадратен километар, а во 1977 година имало 85. Следејќи го движењето на зголемувањето на бројот на населението, статистичарите извеле и некои долгорочни прогнози.

  • Оваа година, според процените, Југославија ќе има 21.914.000 жители,
  • во 1980 година - 22.299.000,
  • во 1984 година - 23.053.000,
  • во 1988 година, значи за една деценија - повеќе од 23.700.000 жители.

На илјада жители во 1947 година се раѓале 26,7 бебиња, додека тој број во 1977 година се намалил на 17,7 живородени бебиња. Меѓутоа, ако бројот на родени деца се намалил, значително е намалена и смртноста. На илјада жители пред триесет години умирале 12,8 лица, а лани 8,4. Денес Југословените живеат за 17 години подолго отколку пред три децении.

Просечниот животен век во 1948 година бил 50,9, а од 1970 до 1975 година 67,6 години. За тоа придонеле повисокиот стандард и подобрите услови за живот, како и неспоредливо подобрата здравствена заштита.

Најдолго живеат Црногорците

Следејќи ги податоците за траењето на животот според републики и покраини, дознаваме дека

  • Најдолго живеат Црногорците, чиј просечен век на живот е 71,6 година,
  • потоа следуваат жителите на Србија - 69,14 години,
  • Војводина - 69,1,
  • Словенија - 69,
  • Хрватска - 68,8,
  • Македонија - 67,
  • Босна и Херцеговина - 65,9,
  • Косово - 64,9 години.
Жените во просек живеат за 4,8 години подолго од мажите.

Според податоците собрани од 1970 до 1972 година, мажите во Југославија просечно живееле по 65,4 години, а жените по 70,2 години. Според пописот од 1971 година, во Југославија живееле десет милиони мажи и десет и пол милиони жени.

Југословенското население меѓу најмладите во Европа

Оваа несразмерност потекнува уште од Втората светска војна, во која загинаа многу повеќе мажи, а жените и живеат подолго.

Статистиката забележала дека во 1948 година на 926 мажи имало 1.000 жени. Меѓутоа, таа разлика малку се намалила, па во 1974 година на 966 мажи имало 1.000 жени.

Југословенското население е меѓу најмладите во Европа. На пример, во 1976 година просечната младост или старост на сите југословенски мажи била 31 година, а на жените 33. Намалувањето на раѓањето и опаѓањето на смртноста се карактеристична појава за развиените земји.

Да додадеме уште само дека Југославија, според процените, има 22.681.000 жители.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот