Се ближи полагањето на државната матура за учениците кои годинава завршуваат средно образование. Да полагаат во јунскиот испитен рок се пријавиле 16. 426 кандидати. Првиот задолжителн екстерен предмет мајчин јазик е закажан за 27 Мај. Матуранти од скопското средното училиште „Васил Антевски-Дрен” каде се изучуваат образовните профили економски и правен техничар велат дека професорите им држат подготвителни часови да ги надминат потешкотиите со кои се соочуваат за матурскиот, вежбаат и дома. Освен македонскиот јазик кој задолжително ќе треба да го полага Злате Богоевски кој е четврта година и ученик со сите петки, се бори да стане првенец на генерација вели избрал да полага уште математика и бизнис и економија.
-Математиката е моја подобра страна, во која успешно се снаоѓам во образовниот процес. Го сметам за еден голем испит за мојот живот. Бизнис и економија избрав, бидејќи сметам дека се основите подолги на нашето средно стручно образование. Во иднина се гледам како успешен менаџер, професија преку која ќе ги докажам моите лидерски способности од стекнатото знаење рече Злате Богоевски, матурант од СEПУГС „Васил Антевски-Дрен”.
Неговите другари и соученици Теодора Миова и Стефан Стојановски на матурскиот испит ќе полагаат исти екстерни предмети, македонски јазик, англиски јазик и бизнис. Плановите им се да го продолжат своето образование. Теона сака да се запише на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, да стане програмер. Стефан пак, во иднина се гледа како ревизор.
-Ги избрав овие предмети затоа што мислам дека ќе ми помогнат многу во понатамошното образование. По предметот англиски јазик полесно се снаоѓам вели Стефан Сојановски.
-Предметот англиски јазик за мене е полесен за разлика од матемтематика затоа одлучив да го полагам како втор екстерен предмет додаде Теона Миова.
Државната матура се спроведува десетта година.
Директорот на СЕПУГС „Васил Антевски Дрен” вели од сите образовни работи, испитот на зрелоста е нешто најдобро организирано. Дочекана беше со скептицизам, меѓутоа резултатите покажа дека учениците се реално вреднувани. Матурата дава точна слика каков ученик си бил.
- Ученикот што добил оцена во текот на годината и четири години ја имал, истата, скоро во 90 проценти од случаите ја добива и на матура. Паника меѓу учениците нема. Стандардизирани тестови се, имаат три часа, доволно време, се полага во цел свет, по исти принципи. Имаме околу 500 матуранти во годината, а дали добиваме седум, осум приговори. Во голем дел децата се сложуваат со резултатите. Приговори, се даваат најчесто заради границата. На пример имал 27 бода, а од 28 е поголема оцена. Не дека се тешки прашањата. Тестот по екстерните предмети, македонски и англиски јазик зависат многу од прегледувачот, ако другите одат на читач со сенчење на заокружените одговори кај овие важно е кој професор го чита текстот.
Сите оние кои нема да полагаат или положат во оваа испитна сесија можност тоа да го сторат имаат во Август.