X
 08.02.2018 Здравје

Утре сите со велосипед на работа и во училиште




И Скопје е дел од меѓународната акција „Winter bike to work day“ на која поддршка и даваме по четврти пат. Неформалното здружение „На точак“ ги повика сите граѓани да се вклучат во глобалната иницијатива чија цел е подигнување на свеста за важноста и придобивките од користењето на велосипедот како превозно средство до работа и училиште во текот на целата календарска година.
Граѓаните може да се регистрираат на официјалниот сајт каде има натпреварување помеѓу градовите. Скопје засега е на петто место, со 406 пријавени граѓани кои утре со велосипед ќе одат на работа, а на прво место е Нови Сад, Србија со 1.234.



Повеќе институции, како и општини исто така ги повикаа граѓаните да се вклучат во акцијата.
Министерството за образование и наука ги повика учениците, наставниците, професорите и студентите да се придружат на оваа иницијатива.
- Уживајте во возењето, почитувајте ги правилата во сообраќајот, внимавајте на сопствената безбедност и безбедноста на останатите граѓани и учесници во сообраќајот. Грижата за животната средина, вашата среќа и благосостојба, заштедата на време и пари, се најголемата мотивација за возењето велосипед – се вели во соопштението од МОН.
Настанот може да го следите и на Фејсбук страницата на која е објавена и мапа со поволности за точкаџиите од повеќе угостителски објекти во Скопје.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје