X
 20.06.2017 Култура

Кои се разликите меѓу античките и модерните Египќани?

Ако почнете да размислувате за античките времиња, веројатно поимот ќе ви асоцира на старите Египќани кои имаат пишана историја од 3100 година п.н.е. Всушност, нивната историја е толку долга што продолжува до сега, т.е. до модерниот Египет.

камила
Фото: pixabay.com

Но, со нови анализи на ДНК структурата на античките Египќани и на жителите на денешен Египет, се дошло до интересни заклучоци.

Научниците прибрале стотици делумни геноми од 151 мумија во период од 1300 години низ историјата. Тие дошле до сознанија дека постојат промени во генетиката на Египет, пред и по подемот на Римската Империја. Имено, античките Египќани делеле повеќе генетски информации со луѓето од Средниот Исток отколку модерните Египќани, а модерните биле поблизу до суб-сахарските Африканци.

Јоханес Краус, еден од научниците смета дека ова се случило поради трговките рути кои се менувале во текот на минатите два милениума.

Зошто ова нè
засега?

Знаејќи дека овие антички народи еволуирале со текот на времето дава увод во историја за која не сме знаеле порано. Има многу што да се научи со овој нов пристап до генетските информации и на овој начин може да се навлезе во детали и да се добие уште еден слој од приказната за античките Египќани.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура