Велика Британија е позната по многу работи, но плажите не се едни од нив. Сепак, една плажа во Велс е именувана за најубавата плажа во Европа од страна на магазинот „Суткејс“.
Фото: Huddersfield Examiner
Заливот Росили на полуостровот Гоуер ги надмина бреговите на Шпанија, Грција и Франција и се најде на врвот на листата од 10 плажи во Европа.
Плажата е долга речиси пет километри и се наоѓа во рамките на првото обележано подрачје на извонредната природна убавина на Велика Британија.
Адриан Шорт, сопственик на еден хотел лоциран на оваа плажа, за британски „Индепендент“ рекол дека не е првпат да се спомене оваа
плажа. Тој додал дека е мистична затоа што е многу природна.
Сепак, ова не е прв пат Јужен Велс да се прослави со својата убавина. Пет години по ред ја добива наградата на TripAdvisor Travellers’ Choice.
Еве ја листата:
1. Rhossili Bay, Swansea, Велика Британија
2. Loblolly Beach, Британски Девствени Острови
3. South Beach, Miami, САД
4. Honokalani Beach, Maui, Хаваи
5. Radhanagar Beach, Havelock Island, Индија
6. Koh Kradan, Тајланд
7. Baia do Sancho, Fernando de Noronha, Бразил
8. Tikehau Island, француски дел на Полинезија
9. Bocas del Toro, Панама
10. Pamalican, Филипини