X
 12.07.2017 Култура

Изложбата на корици „Прошетка низ Европа“ во „Литература.мк“

Во книжарницата „Литература.мк“ (на ул. „Македонија“) се изложени креативните решенија за корици на романи од едицијата „Прошетка низ Европа“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина публикации“.



Изложените корици се дела на студенти што учествуваа на конкурсот за дизајн што го организира „Арс Ламина“, а најдобрите решенија беа наградени и објавени како корици на книгите од едицијата „Прошетка низ Европа“.

Изложбата ќе биде поставена во „Литература.мк“ до 15 јули, а за тоа време книгите од едицијата ќе бидат достапни по намалени цели, како дел од летната акција. Конкурсот беше отворен за студентите од сите факултети и од сите области, кои сакаа да се вклучат во изработка на креативни визуелни решенија во областа на издаваштвото. На него се пријавија 28 студенти, кои аплицираа со едно или со повеќе решенија за понудените романи, а пристигнаа 85 оригинални идејно-графички решенија за корици за петте романи од едицијата „Прошетка низ Европа“.

Награди добија: Катерина Трајановска, Ангела Симоновска, Прокопие Ќаев и Александра Новеска. Нивните решенија се најдоа на кориците на пет книги од оваа едиција, составена од литературни дела од различни европски автори, добитници на „Наградата за литература на Европската Унија“. Издавањето на овие книги беше потпомогнато од програмата „Креативна Европа“ на ЕУ.
Подготвил: Сребра Ѓорѓијевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура