X
 13.07.2017 Живот

Српски „Неделник“ ја открива најмрачната тајна на Југославија

1

Академик Драгослав Михаиловиќ за српски „Неделник“ ги објавува своите откритија за тоа како научниците и докторите прифатиле да учествуваат во тортурата над затворениците.

Текстот е дел од книгата „Злотвори“ на писателот и академик Драгослав Михаиловиќ, и е објавен во српскиот весник „Неделник“. Тој испратил и фотографија од Голи Оток на која се гледаат робијашите.

За српскиот весник ексклузивно ја открива најмрачната тајна на комунистичка Југославија, во која научниците и докторите прифатиле да учествуваат во тортура над затворениците.

Михаиловиќ ја започнува приказната со „криминалистички заплет поврзан со едно писмо“.

Влезе крупен непознат човек и праша:

„Дали сте вие тој?“

Потврдив.

„Јас сум“ - и кажа некое обично српско име. „Јас имам пријател професор по книжевност во Сиднеј“ - и повторно ми се обрати со непознато име - „и тој ми испрати едно електронско писмо за вас. Ме молеше лично да ви го донесам. Сакате да го примите?“

„Сакам“, му реков.

Во раката ми даде отворен плик.

„Извинете, се брзам. Ако сакате да му одговорите, тука ја имате адресата. Пријатно“.

Ми ја подаде раката и излезе.

голи оток

Мислев дека тоа е обично писмо, какво што понекогаш добивам. Но уште со првата реченица видов дека ова, во социјална смисла, е нешто многу покрупно отколку размислување за некое литературно прашање.

Како што читав понатаму, така посилно ме обземаше возбудата. Од возбуда, рацете почнаа да ми се тресат.

Писмото зборуваше за нешто што го барав дваесет години. Доктор Никола Николиќ од Загреб одамна ми велеше: „Оваа наука, Драгослав, има валкани раце...“
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот