X
 23.09.2017 Здравје

Персонализирани вакцини може да се единствено решение против ракот

рак

Фразата „лек за ракот“ е практично синоним за следниот човечки подвиг.

Иако патот до универзален лек за ракот е прилично долг, вреди да се прослави успехот на ова мало истражување во кое се вакцинираат пациентите со рак и се спречува да се врати болеста.

Што е вакцината и како таа функционира? Во суштина, кога ќе добиете грип, го обучувате вашиот имунолошки систем како да ја порази годишната мутација на вирусот. Но проблемот со вакцинирањето против ракот е тоа што нормално, нашиот имунолошки систем не сака да се бори со сопствените мутирани клетки. Некои третмани со лекови функционираат со „онеспособување“ на филтер во Т-клетките на имунолошкиот систем што ги спречува да ги разликуваат пријателските од непријателските клетки. Но раните испитувања на овој третман укажуваат на тоа дека не мора да се деактивираат клетките воопшто - може да се тренираат да ги фатат клетките на ракот, дури и ако тие се однесуваат како да се безопасни. Единственото нешто е тоа што секоја вакцина мора да биде персонализирана на пациентот.

vakcina
Клетки на меланом

Во овие прелиминарни испитувања, 19 пациенти со рак на кожата биле третирани со вакцина врз основа на нивните уникатни протеински мутации. Резултатот? Нивните Т-клетки успешно започнале да ги таргетираат туморите и канцерогените клетки. Но 19 не е голема бројка. Потребни се поголеми испитувања пред да се излезе со оптимистички став. Колку е поголемо испитувањето, толку повеќе учиме за производството на овие вакцини поевтино и поефикасно.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје