X
 11.10.2017 Здравје

Пресметајте дали имате вишок килограми


Фото: Pixabay   

Има повеќе начини за определување на нормалната телесна тежина. Еден од најчесто употребуваните е пресметка на индексот на телесна маса (BMI-body mass index), кој се определува врз основа на висината и тежината.

Иако овој показател не ја зема предвид телесната градба, сепак, индексот се користи како добра медицинска и статистичка мерка, а е поддржан и од Светската здравствена организација.

Кај лица постари од 20 години, индексот се добива кога телесната маса во килограми ќе се подели со висината во метри помножена сама со себе.

ИТМ = маса (килограми) / висина^2 (метри)

Резултати

Помалку од 18,5 – неухранетост
18,5 – 24,9 – нормална тежина
25-29,9 – зголемена телесна тежина
30-39,9 – дебелина
над 40 – екстремна дебелина

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје