X
 16.09.2021 Здравје

Луѓето се дебелеат поради видот на храната, а не поради количеството

Научници што го истражувале зголемувањето на телесната тежина веруваат дека трендот на дебелеење на глобално ниво можеби е резултат на видот на храната што ја јадеме, а не на количеството храна што се внесува.

Според истражување објавено во „Американ џурнал оф клиникал нутришн“, медицинското објаснување дека зголемувањето на тежината е резултат на консумирање повеќе калории отколку што се трошат повеќе не може да се применува поради многубројните процесирани намирници што се достапни.

Истражувачите сметаат дека единствениот практичен начин да се намали проблемот со дебелината е таканаречениот јаглехидратно-инсулински модел. Според овој модел, дебелината кај многумина е резултат на јадењето преголемо количество храна што бргу се вари и бргу го крева шеќерот во крвта.


Фото: Pixabay

Ваквите намирници честопати содржат процесирани јаглехидрати и може да предизвикаат хормонски реакции кои му кажуваат на телото да чува повеќе калории во облик на маснотии. Затоа, тие препорачуваат намалување на внесувањето процесирана храна наместо намалување на количеството калории, како и водење поактивен животен стил.

Сепак, авторите на истражувањето посочуваат дека е потребно дополнително истражување за да се донесат конечни заклучоци.

Извор: Futurism
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје