X
 17.08.2023 Живот

Намалено приватното богатство на луѓето и бројот на милионери во 2022 година

Поради превирања на берзите и девалвација на бројните валути во светот, приватното богатство на луѓето се намали за првпат во последните 15 години, што особено важи за побогатите региони, а се намали и бројот на доларски милионери.

Според најновата заедничка студија на банките „Креди суис“ и „УБС“, приватните средства на граѓаните се намалиле во текот на 2022 година на глобално ниво за 2,4 отсто на вкупно 416 милијарди евра, што е прв пад по екот на финансиската криза во 2008 година.

Посебно беа погодени побогатите региони, па Северна Америка и Европа заедно претрпеа загуба од околу 10,9 милијарди евра. Истовремено, во Латинска Америка приватните средства на граѓаните се зголемија за 2,4 милијарди долари, главно благодарение на натпросечниот курс на локалните валути во однос на доларот.

Се намали и бројот на доларски милионери низ светот, за 3,5 милиони.

Најбогатите земји во светот

Мерено според богатството на полнолетните граѓани, Швајцарија и понатаму е на првото место на глобално ниво со просечни 685.230 долари, а потоа се САД.

Кога станува збор за супербогатите, луѓе чиј имот вреди повеќе од 500 милиони долари, на прво место се САД, а потоа Кина и Германија.

1
Фото: Freepik

Економистот Ентони Шорокс, главен автор на студијата, процени дека загубите во вредност на акции и промените на девизниот курс, ја направија 2022 најлошата година од финансиската криза во 2008 година.

Отпорност на приватната сопственост


Шефицата на одделот за економија и истражување во „Креди суис“, Нанет Хехлер Фаидерб, истакнува дека развојот на личниот имот се покажал како поотпорен дури и за време на ковид-пандемијата, но дека порастот на инфлацијата и каматните стапки и девалвацијата во 2022 година, доведе до промена на трендот.

Дополнително, како што истакнува таа, дошло до крахови на берзата поради рускиот конфликт со Украина.

- Доколку девизниот курс останеше константен, вкупното богатство ќе се зголемеше за 3,4 отсто во 2022 година, односно за 2,2 отсто по возрасен граѓанин - покажува анализата која ги опфати домаќинствата на 5,4 милијарди полнолетни граѓани ширум светот.

Извор:  bizlife.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот