X
 04.01.2018 Наука

Четвртина од земјата на нашата планета ќе стане пустина

затоплување
Фото: Reuters

Повеќе од четвртина од површината на Земјата ќе стане значително посува дури и ако човештвото успее да го ограничи глобалното затоплување на два Целзиусови степени. Ова е договорената цел на Парискиот климатски договор.

Но ако загревањето се задржи на 1,5 степен, тоа би можело да го ограничи сушењето за десеттина, со што би се спасиле две третини од Земјата, стои во истражувањето објавено во „Природни климатски промени“.

„Со загревањето од 1,5 степен, делови од Јужна Европа, Јужна Африка, Централна Америка, брегот на Австралија и Југоисточна Азија (дом на една петтина од човештвото) ќе избегнат значителна аридизација, предвидена под два Целзиусови степена“, вели Су-Џонг Џеонг од Универзитетот за наука и технологија во кинескиот Шенжен, кој е еден од авторите на истражувањето.

„Остварувањето на границата од 1,5 степен ќе биде важен чин за намалување на веројатноста на аридизација и последиците поврзани со тоа“, додава Џеонг.

Тој беше меѓу научниците што користеле седум климатски модели преку различни сценарија на затоплување за да се предвидат обрасците на сушење на почвата.

Аридизацијата е голема закана бидејќи ги забрзува деградацијата и десертификацијата на почвата, а предизвикува и губење на растенијата и на дрвјата што се од суштинско значење за апсорпција на јаглеродниот диоксид, што ја загрева Земјата.

Со тоа се зголемуваат ризиците од суша и пожар и се влијае врз квалитетот на водата за пиење и земјоделството.

Научниците дошле до заклучок дека во случај на загревање од два степена, што би можело да се случи помеѓу 2052 и 2070 година, помеѓу 24 и 32 отсто од севкупната земја на нашата планета ќе се исушат.

Но ако е 1,5 степен, овој ефект ќе се намали на 8 или 10 отсто од вкупната површина.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука