X
 16.07.2022 Здравје

Синдром на карпален тунел - симптоми, ризик-фактори и третман

Синдромот на карпален тунел е предизвикан од притисокот врз медијалниот нерв на раката. Карпалниот тунел, всушност, претставува тесен канал на дланката на раката опкружен со коски и лигаменти. Кога медијалниот (средниот) нерв е компресиран/притиснат, тогаш се појавуваат симптоми кои може да вклучуваат: вкочанетост, пецкање и слабост во раката и во рамото.

Самата анатомија на зглобот, одредени здравствени проблеми и повторливите движења што ги правиме со рацете можат да придонесат за појава на овој синдром.

Правилното третирање на оваа состојба вообичаено е доволно за да ги ублажи пецкањето и вкочанетоста, а потоа се обновува и функцијата на зглобот и на раката.

Симптомите на синдромот на карпален тунел синдром обично започнуваат прилично прогресивно и вклучуваат:

1. Пецкање или вкочанетост. Може да почувствувате пецкање и вкочанетост во прстите или во раката. Засегнати прсти се најчесто палецот, показалецот, средниот и домалиот прст. Вообичаено малиот прст не е засегнат. Може да почувствувате сензација слична на електричен удар на овие прсти. Чувството може да се движи од рачниот зглоб до раката. Овие симптоми обично се јавуваат додека го држите воланот, телефонот или весникот. Но може и да ве разбудат додека спиете. Многу луѓе ги тресат или ги удираат рацете за да се обидат да ги ублажат симптомите. Чувството на вкочанетост може да стане постојано.

2. Слабост. Може да почувствувате слабост во рацете и да испуштите предмети. Ова може да се должи на вкочанетост во раката или слабост на мускулите на палецот со кој се прави движењето на штипкање, кој исто така е контролиран од медијалниот (средниот) нерв.

Синдромот на карпален тунел е предизвикан од притисок врз медијалниот нерв. Медијалниот нерв поминува од подлактницата, преку каналот во зглобот (карпален тунел) сѐ до раката. Обезбедува чувство на дланката, на палецот и прстите, освен малиот прст. Исто така, емитува нервни сигнали за движење на мускулите околу палецот. Сè што го стиска или го иритира медијалниот нерв во просторот на карпалниот тунел може да доведе до синдром на карпал тунел. Фрактурата на зглобот може да го стесни карпалниот тунел и да го иритира нервот. Истото се случува и од отокот и воспалението предизвикано од ревматоиден артритис. Најчесто, синдромот на карпал тунел се појавува од повеќе комбинирани ризик-фактори кои придонесуваат за развој на оваа состојба.

Неколку фактори се поврзани со синдромот на карпален тунел. Иако тие директно не го предизвикуваат овој синдром,  можат да го зголемат ризикот од иритација или оштетување на медијалниот нерв, а тие се:

 - Анатомски фактори. Фрактура или дислокација на зглобот, или артритис што ги деформира малите коски на зглобот, може да го наруши просторот во карпалниот тунел и да изврши притисок врз медијалниот нерв. Луѓето што имаат помали карпални тунели имаат поголема веројатност да имаат синдром на карпален тунел.

- Полот. Синдромот на карпален тунел обично е почест кај жените. Ова може да биде затоа што областа на карпален тунел е релативно помала кај жените отколку кај мажите. Жените што имаат синдром на карпален тунел исто така може да имаат помали карпални тунели од лицата без оваа состојба.
Некои хронични болести, како што е дијабетесот, го зголемуваат ризикот од повреда на нервот, вклучително и повреда на медијалниот нерв.



- Воспалителни состојби. Ревматоидниот артритис и другите состојби што имаат воспалителна компонента може да влијаат врз слузницата околу тетивите во зглобот и да извршат притисок врз медијалниот нерв.

- Лекови. Се смета дека постои врска помеѓу синдромот на карпален тунел и употребата на анастрозол (аримидекс), лек кој се користи за лекување рак на дојка.

- Дебелината. Дебелината е ризик-фактор за развој на синдром на карпален тунел.

- Промени во телесните течности. Задржувањето течности може да го зголеми притисокот во карпалниот тунел и да го иритира медијалниот нерв. Ова е вообичаено за време на бременоста и менопаузата. Синдромот на карпален тунел поврзан со бременоста обично се подобрува сам по бременоста.

- Други медицински состојби. Одредени состојби, како што е менопаузата или состојби како што се нарушувања на тироидната жлезда, бубрежна инсуфициенција и лимфедем може да ги зголемат шансите за развој на синдромот на карпал тунел.

- Фактори на работното место. Работата со вибрирачки алати или на лента за склопување што бара продолжено или повторувачко флексирање на зглобот може да создаде штетен притисок врз медијалниот нерв или да го влоши постојното оштетување на нервот, особено ако работата се врши во ладна средина.

Третирајте го синдромот на карпален тунел што е можно порано, веднаш по почетокот на симптомите. Во раните фази, едноставните работи што можете сами да ги направите може да го намалат проблемот. На пример:

- Правете почести паузи за да ги одморите рацете.
- Избегнувајте активности што ги влошуваат симптомите.
- Нанесете ладни облоги за да го намалите отокот.

Други опции за третман вклучуваат гипс на зглобот, лекови и операција. Гипсот и другите конзервативни третмани се со поголема веројатност да помогнат ако сте имале само благи или умерени симптоми кои се појавуваат и исчезнуваат во период помалку од 10 месеци

Автор: д-р Мервиса Бекировиќ Драголовчанин, доктор по општа медицина
ПЗУ А-Е Медика
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје