X
 18.02.2021 Здравје

38 илјади лица над 70 години изразиле интерес за вакцинирање против Ковид-19

Министерството за здравство информира дека досега, преку веб-страницата „Vakcinacija.mk“, 55.970 лица ја пополниле формата за аплицирање искажувајќи интерес за вакцинација против Ковид-19. Преку матичниот лекар за вакцинација се пријавиле 29.209 лица. Од оваа вкупна бројка, 38 илјади лица над 70 години се пријавени за вакцинација.

Вчера, со вакцинација на 202 здравствени работници почна имунизацијата во земјава. Согласно направениот план за вакцинација на здравствените работници, први се вакцинираат медицинските лица што работеле или работат со ковид-пациенти од Инфективната клиника, „8 Септември“, Институтот за белодробни заболувања кај децата - Козле, интерните клиники што хоспитализираа пациенти. Од следната недела вакцинацијата ќе почне и кај здравствените работници во болниците низ државата, како и приватните болници, стои во соопштението од Министерството за здравство.

Со ова нашата земја ќе биде една од ретките земји во Европа во која вакцината против Ковид-19 ќе ја имаат примено сите здравствени работници што лекувале пациенти позитивни на коронавирусот.

Вакцините се безбедни и развиени на сигурни платформи. Во неделата од Србија добивме 4.680 од вкупно 8.000 вакцини од компанијата „Фајзер“. Во текот на следната недела се очекува да пристигнат и другите количини од Србија.

До крајот на февруари се очекуваат да пристигнат и 200 илјади вакцини од Кина.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје