X
 18.02.2022 Живот

Основни карактеристики на секој психопат

Некои луѓе претпоставуваат дека психопатите имале трауматично детство или проблеми во семејството, но невролог со 15-годишно искуство во истражување на мозокот вели дека нејзините откритија покажуваат дека тоа не е секогаш случај.

Ебигејл Марш, која е и професор по психологија на Универзитетот „Џорџтаун“, вели дека болеста често е вкоренета во развојот на мозокот. Според неа, сериозноста на болеста се поврзува со мозочни абнормалности кои се чини дека се појавуваат рано во детството и потоа напредуваат.

Болеста може да има различни карактеристики од човек до човек, но Марш вели дека секој психопат ги има следните основни карактеристики.


Фото: Freepik

Психопатите не чувствуваат сожалување или каење за другите

Кога некој близок е тажен или исплашен, психопатите не може да го разберат чувството бидејќи тоа е нешто што не го чувствуваат. Овие луѓе не чувствуваат ниту каење кога ментално, емоционално или физички ги повредуваат другите, според Марш.

Психопатите не ја разбираат љубовта како другите

Психопатите не се зближуваат и поврзуваат со други луѓе. Наместо тоа, тие може да глумат дека сакаат или да мислат дека сакаат некој што може да им помогне на некој начин.

Психопатите не се плашат од физички и емоционални повреди

Психопатите не можат да го разберат чувството на страв. Тие не чувствуваат страв за можна штета, па затоа ништо не ги спречува да го постигнат тоа што го сакаат.

Извор: Insider
Фото: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот