X
 03.10.2019

Во Британија регистриран првиот случај на брегзит-психоза

Лекари во Велика Британија го регистрираа првиот случај на брегзит-психоза, објави Британскиот медицински журнал.

Во летото 2016 година, три недели по референдумот во ЕУ, еден 40-годишен маж бил примен во болница бидејќи неговото ментално здравје нагло се влошило поради голема загриженост заради Брегзит.

Лекарот Мохамед Зиа Ул Хак Катшул од Институтот за ментално здравје во Нотингем го лекувал пациентот, за кој рекол дека имал халуцинации и параноидни, бизарни заблуди.

Во извештајот на лекарот исто така се наведува дека истиот пациент бил во слична состојба пред 13 години, тогаш поради стрес.

Пациентот закрепнал од проблемот предизвикан од Брегзит по две недели откако бил третиран со „оланзапин“, антипсихотик што се користи за лекување шизофренија и биполарно растројство.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk