X
 18.04.2020 Здравје

25 излекувани и 53 новозаразени со коронавирус во Македонија

Денеска се регистрирани 25 излекувани пациенти - 6 испишани од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби кои во општа добра состојба заминуваат дома и 19 кои се лекувале во домашни услови, соопшти Министерството за здравство.

Оттаму додаваат дека во изминатите 24 часа се потврдени 53 нови случаи на Ковид-19. По градови, новозаразените се од: Скопје – 13, Куманово – 9, Прилеп – 9, Тетово - 4, Струга -2, Велес – 12, Битола – 2, Македонски Брод -2.
 
Сега вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1.170, бројот на излекувани е 164, а бројот на починати 49. Има 957 активни случаи.

Од Министерството додаваат дека по завршување на епидемилошките анкети, едно претходно потврдено лице во Битола е со жителство во Демир Хисар, а едно во Скопје е со жителство во Куманово и согласно ова последната дистрибуција по градови е:

-Скопје – 401
-Куманово - 320
-Дебар – 51
-Штип- 32
-Прилеп – 112
-Тетово – 52
-Струга – 55
-Велес – 55
-Битола – 17
-Охрид – 7
-Кавадарци - 4
-Гостивар – 12
-Гевгелија – 4
-Струмица – 2
-Крива Паланка - 4
-Радовиш - 4
-Крушево – 3
-Кочани – 26
-Пробиштип – 2
-Кичево – 2
-Неготино -2
-Демир Хисар – 1
-Македонски Брод - 2

Во изминатото деноноќие се направени 697 теста. Преку ИЈЗ –493, преку Ветеринарен факултет -15 , Авицена – 8, Биотек – 0 и Филип Втори (Жан Митрев) – 120 и Систина со PCR метода - 61. Досега во земјата се направени вкупно 11.556 тестирања на Ковид -19.

Од Министерството додаваат дека на Инфективната клиника во Скопје, примени се 3 пациенти од Прилеп, Куманово и Скопје во потешка состојба. Вкупно се хоспитализирани 52, од кои 16 се на кислородна поддршка, а 5 се на механичка вентилација. Во ГОБ „8 септември“ до утрово се примени 5 нови пациенти, со што во моментов во оваа болница се лекува 41 пациент. На респираторна машина се приклучени 8 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 12 пациенти потврдени и суспектни на вирусот, од нив 3 се на кислородна поддршка. На 5 пациенти (3 на болничко лекување и 2 кои се лекуваат во домашни услови), по првиот негативен тест, вчера е земен и втор контролен брис. На домашно лекување се следат уште 13 пациенти.

Во штипската болница е примена една пациентка и во моментов се хоспитализирани вкупно 9, сите во стабилна состојба. Преку болницата во Штип се следат уште 19 пациенти кои се лекуваат во домашни услови.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје