Рушењето рекорди во однос на користењето обновлива енергија е постојан извор на охрабрувачки вести за нашата планета. Сега имаме уште една импресивна статистика за славење: во првата половина од 2019 година Шкотска генерирала доволно енергија од ветерот за да напојува двојно повеќе домаќинства отколку што има.
Поточно, турбините генерирале 9,8 милиони мегават-часови во периодот меѓу јануари и јуни, што е доволно за напојување на 4,47 милиони домаќинства, што не е толку лошо за земја која има околу 2,6 милиона домаќинства.
Ова е рекордно висока бројка за ветерна енергија во Шкотска и значи дека турбините можеле да овозможат доволно енергија за секое живеалиште во Шкотска, плус за голем дел од Северна Англија, за првите шест месеци од годината.
Во март е достигнат врвот со произведени 2.194.981 мегават-час.
Велика Британија како целина доживува успеси во однос на обновливата енергија бидејќи само што достигна рекорд во однос на период кога не се потпирала на енергија од јаглен уште од индустриската револуција од 19 век. Електраните на јаглен не обезбедувале енергија за мрежата цели седум дена по ред. Тоа е во согласност со целта на британската влада да престане да го употребува јагленот до 2025 година и изгледа дека Шкотска може да има голема улога во постигнувањето на таа цел.
Шкотска е нешто како пионер кога станува збор за ветерна енергија, со фарми кои од декември 2018 година имаат капацитет од 8.423 мегавати. Земјата се надева дека во следните 12 месеци ќе може да ја обезбедува целата енергија од обновливи
извори.
Фото: Freepik