Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и оваа година бележи зголемен интерес за запишување на прв циклус студии. По двата уписни рока на УКЛО се запишани се 1.062 студенти, што е за 77 повеќе во споредба со истиот период минатата година, или раст од речиси 8 отсто.
Со ова УКЛО бележи зголемување на бројот на новозапишани студенти трета година по ред, во период кога бројот на матуранти во земјата континуирано се намалува.
Од Универзитетот посочуваат дека растот на запишани студенти е значаен показател за интересот на младите за студирање на УКЛО и за можностите што ги нуди Универзитетот.
- Ги повикуваме сите кандидати кои сè уште се двоумат да го искористат третиот уписен рок и да станат дел од големото академско семејство на УКЛО - порачува ректорот на Универзитетот, проф. д-р Игор Неделковски.
Дополнителна можност за студентите претставува и членството на УКЛО во КОЛОРС - Европската универзитетска алијанса, која обединува девет универзитети од девет европски земји и околу 126.000 студенти
https://uklo.edu.mk/colours/
Преку Алијансата, студентите на УКЛО имаат можности за меѓународна мобилност, размена и студиски престои на партнерските универзитети, додека во иднина се отвора простор за развој на заеднички студиски програми, двојни и заеднички дипломи.
Третиот уписен рок започнува со пријавување на кандидатите на 23 и 24 септември 2026 г.
https://uklo.edu.mk/blog/upisi-2026-27/ и им овозможува на сите матуранти кои сè уште немаат избрано каде ќе го продолжат своето образование - да станат дел од УКЛО и од пошироко европско академско семејство.