X
 18.10.2024 Живот

На прошетка со паузи се троши повеќе енергија отколку на континуирана прошетка, велат научници

Истражувачи открија нешто необично за сите љубители на пешачењето: сите кои сакаат да согорат повеќе калории, наместо континуирано да се движат, треба да прават кратки паузи.

Овој совет произлегува од истражување спроведено на волонтери кои требало да прават чекори во лабораторија за да ги измерат потребите за кислород и енергија при кратки прошетки наспроти долги прошетки без паузи.

Тестовите на волотнерите покажаа дека за пешачењето и качувањето по скали во периоди од 10 до 30 секунди потребни се 20 до 60 отсто повеќе кислород отколку една континуирана серија пешачење.

- Кога одиме на пократки трошоци, трошиме повеќе енергија и консумираме повеќе кислород за да го поминеме истото растојание. Тоа е како да имате автомобил кој троши повеќе гориво во текот на првите неколку километри отколку потоа - вели Франческо Лучијано, истражувач на Универзитетот во Милано и прв автор на истражувањето.

Тимот го започнал истражувањето откако забележал дека многу проценки за потребната енергија за одење се базираат на податоците од луѓе кои вежбаат во метаболичка стабилна состојба. Тоа е кога пулсот е константен, а производството и потрошувачката на енергија се балансирани.

За да откријат нешто повеќе за потребите за енергија за различни прошетки, научниците анализирале 10 здрави волонетри кои ги следеле додека тие вежбале на лента за трчање и лента со скали. Вежбите опфаќале три различни брзини во траење од 10 секунди до 4 минути.

За време на овие сесии, истражувачите запишале колку кислород троши секој човек и ги разработиле метаболичките потреби за различни прошетки. Откриле дека е потребна повеќе енергија на почетокот на секоја прошетка за телото да тргне и да се загрее, отколку подоцна во текот на вежбањето кога телото веќе се движело и работело поефикасно.

- Откривме дека кога правите пауза, а потоа тргнувате, трошите значителна количина на кислород само за да започнете со одење. Ова го правиме без оглед на тоа дали пешачиме 10 или 30 секунди - вели Лучијано.

Мерењето на справите за вежбање открија дека во најраните фази на прошетката, луѓето се помалку ефикасни во претворање на кислородот и енергијата во ефективно движење, но како што се движите, ефикасноста станува подобра.

Како што велат истражувачите, ова истражување ќе помогне во дизајнирањето програми за рехабилитација и совети за вежби за оние со ограничена подвижност, како што се луѓето со прекумерна дебелина или луѓето кои доживеале мозочен удар.

Извор: The Guardian
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот