Најдени се голем број габи што живеат во најтемните делови на океаните. Тие би можеле да доведат до откривање нови лекови чиј потенцијал може да се спореди со оној на пеницилинот.
Истражување откри интересни факти за габите што живеат во океаните, во длабочините каде што сончевите зраци не допираат. Помеѓу 200 и 1.000 метри под површината на океаните се наоѓа таканаречената „зона на самракот“, дом на мноштво организми, вклучително и риби со посебни карактеристики, како што се ајкулите кои имаат огромни очи и блескава кожа.
- Пеницилинот е антибиотик кој вообичаено доаѓа од габата пеницилиум (penicillium), па мислиме дека можеме да најдеме нешто слично меѓу овие океански габи - вели Фабио Фаворето, научник од Институтот за океанографија на Универзитетот на Калифорнија во Сан Диего.
Зоната на самракот се карактеризира со висок притисок, недостиг на светлина и ниски температури, што е совршена средина за габите да развијат својства за адаптација. Ова може да доведе до откривање нови видови кои имаат уникатни биохемиски својства, објаснува Фаворето.
Клучно откритие
Научниците создадоа нов каталог на морски организми кои биле забележани за време на патувања во 2009 и 2010 година. Каталогот содржи над 317 генетски групи на морски организми.
- Друго клучно откритие беше улогата што ја играат вирусите во создавањето на биолошката разновидност - вели морскиот биолог Карлос Дуарте.
Со ширењето, вирусите пренесуваат гени од еден организам на друг, а на тој начин ја зголемуваат геномската биолошка разновидност и ја забрзуваат еволуцијата, додава тој. Еден доказ за тоа е дека многу организми се приспособија да ја варат микропластиката што се појави во океаните во последните неколку децении.
Извор:
Index
Насловна фотографија: Pixabay