Oколу 80% од возрасните страдаат од болки во долниот дел на грбот во одреден период од нивниот живот, велат податоците на Националниот институт за здравство на Америка. Некои епизоди на болка се предизвикани со одреден настани како трауматска повреда. А понекогаш, болката има посуптилно потекло како на пример истегнување на лигамент или постепено трошење на 'рскавицата околу зглобовите.
Фото: Freepik
Проблемот со сакроилијачен зглоб, местото на пресекот на основата на 'рбетот кој го поврзува 'рбетниот столб со коската на карлицата, спаѓа во оваа втора категорија на причини за болки во грбот, вели д-р Дејвид Борнстејн, ревматолог и професор на Универзитетот Џорџ Вашингтон. „Сакроилијачен зглоб е честа причина за болка во долниот дел на грбот, но не секогаш е препознат од докторите, па тие го заменуваат со други причини за болки во грбот“.
Телото има два вакви зглобови, на секоја страна на 'рбетот. Улогата на овој зглоб е да ги амортизира ударите и да ја потпира тежината на горниот дел на телото. Тој не е како коленото или лактот кое се витка напред назад, туку е зглоб кој не се движи многу, односно за него не е предвидено да се поместува.
Крут и слабо подвижен, со мала амплитуда на движење, претставува местото на поврзување на 'рбетниот столб и долниот дел од телото. Дисфункцијата на овој зглоб е честа причина за болка во долниот дел на грбот, задникот и препоните. На пациентот му е тешко да стои или да се качува по скалите, да трча, да прави поголеми чекори, да се наведнува, да седи подолго време и да скока. Болката може да ги опфати и нозете, препоните и стапалата.
Жените почесто страдаат од болка во сакроилијакалните зглобови отколку мажите бидејќи нивните зглобови се полабави. Повредата на овие зглобови често се случува за време на породување. Различното одење и тежината за време на бременоста предизвикуваат дополнително оптеретување и може да доведат до претерано трошење на зглобовите.
Болката во овие зглобови може да се јави како резултат на траума или, бактериска инфекција иако тоа е екстремно ретко. „Најчесто болката настанува поради слабост на мускулите кои го опкружуваат зглобот“, вели д-р Борнстејн. „Доколку не се препознае проблемот со овие зглобови, се троши сврзното ткиво и со текот на времето настанува артритис“, додава тој.
Третманот обично вклучува анти-инфламаторни лекови и физикална терапија која е насочена кон околните мускули. Зајакнувањето на мускулите на задникот и долниот дел на грбот може да помогнат во стаблизирање на зглобовите.
Кај сериозните случаи следуваат стероидни инјекции и радиофреквентна аблација која ги уништува нервите кои предизвикуваат болка, додека електричната стимулација може краткотрајно да помогне и да ја олесни болката. Ова е состојба која тешко се лекува.
Во последно време, болката се решава со хируршка интервенција што значи внесување на мал имплант во рачниот зглоб кој ефикасно ја намалува болката и ја подобрува подвижноста на пациентот.