Синдикатот на работниците во железницата и транспортот Е Фау Ге (ЕВГ) за в петок најави национален штрајк, а меѓу погодените превозници е и националниот железнички оператор „Дојче бан“, јави ДПА.
Штрајкот ќе опфати 50 компании и ќе трае од 3:00 часот по локално време до 11 часот, соопшти германската синдикална организација. Патниците треба да бидат подготвени за одложувања и откажувања на патувањата. Високата инфлација во Германија предизвика бран штрајкови во последниве месеци бидејќи работниците бараат повисоки плати за да ги надоместат зголемените трошоци за живот.
Целта на синдикатот Е Фау Ге, кој преговара во име на 230.000 луѓе, е зголемување на платите за 12 отсто, или најмалку дополнителни 650 евра од нивните месечни плати. Државната „Дојче бан“ понуди зголемување на платите за 5 отсто на своите вработени и еднократна исплата до 2.500 евра.
Извор: МИА