Како што пандемијата од коронавирусот се шири низ целиот свет, побарувачката за патувања опадна на речиси нула.
Брајан Чески, извршниот директор на „Ербиенби“, кој има бизнис модел кој се потпира на желбата на луѓето за заедница и истражување, има неколку смели предвидувања за тоа како ќе изгледа патувањето откако пандемијата полека ќе исчезнува и луѓето ќе се чувствуваат послободно повторно да патуваат.
Кога станува збор за патување во слободно време, Чески вели дека луѓето веројатно ќе почнат со резервација на поприфатливи патувања што се поблиску до дома.
Плус, со зголемувањето на невработеноста, патувањата во странство за многумина веројатно нема да бидат ни опција, дури и откако ќе биде безбедно да се предложи со патување.
Патување за забава, не за работа
Чески рече дека деловните патувања исто така може да изгледаат различно во иднина.
- Сведоци сме на тоа што сè можеме да направиме преку видеоконференција и тоа ќе има големо влијание врз тоа колку често луѓето патуваат за работа - вели Чески.
Неговите размислувања околу бизнис патувањата се слични како и на други извршини директори кои изјавија дека ќе бидат селективни при закажување бизнис патувања во иднина.
- Порано патувавме многу заради работа, а потоа се забавувавме на екраните. Сега тоа ќе биде обратно. Мислам дека повеќе ќе работиме пред екраните, а ќе се забавуваме во реалниот свет - вели Чески.
Фото: Unsplash
Многу луѓе што ја следат туристичката индустрија, предвидоа дека одморите ќе се вратат пред бизнис патувањата.
- Како што се укинуваат ретстрикциите за изолација, сепак физичкото дистанцирање ќе остане, така што предвидуваме дека личните патувања ќе се вратат побрзо отколку групните патувања - вели Андре Хадад, извршен директор на платформата за делење автомобил, „Туро“.
Слобода да изберете каде и како сакате да живеете
Чески предвидува и различен тренд, оној што е во директна спротивност на идејата дека повеќе луѓе ќе сакаат да патуваат локално. Тој вели дека луѓето повеќе ќе избираат да живеат како дигитални номади.
Луѓето кои ќе изберат да работат од далечина наместо да
патуваат во различни земји, веќе бил растечки тренд и пред пандемијата. Некои експерти велат дека пандемијата ги изложи постоечките проблеми во градовите - густината на населението и високата цена на живеење што на крајот ќе доведе до масивен егзодус од американските урбани центри.
- Многу луѓе сфаќаат дека не мора да бидат врзани во еден град. Така, поголем број на луѓе ќе изберат да живеат низ целиот свет, поминувајќи неколку месеци на различни места - вели Чески.
Оваа идеја ја споделува и Џулија Харц, извршна директорка на „Ивентбрајт“, која вели дека шпанскиот грип од 1918 година бил проследен со период на обновено човечко поврзување за време на „бурните 20-ти“.
- Ќе се обединиме заедно преку собири во живо, како што беше случајот по шпанскиот грип - вели Харц.