X
 19.05.2023 Образование

Некои училишта ќе се пренаменат поради малиот број ученици

Поради намалениот наталитет или миграцијата, некои училишни објекти наместо за образование, ќе се пренаменат во простории за други потреби на граѓаните, пишува „Гласот на Америка“ на македонски јазик.

Основното училиште во охридското село Косел е само едно од многуте низ Македонија каде што бројот на ученици драстично се намалува. Димче Донески, кој веќе петнаесет години работи овде како наставник, вели дека ситуацијата е сè позагрижувачка.

- Не е таа бројка што беше. Тогаш имавме околу сто ученици овде, а сега е за три пати намален бројот, што може да се каже дека е во голем пад. Може да се каже дека се намалени паралелките, дури и дека се редуцирани. На само што останавме без многу ученици, туку и без паралелка од 8. и 9. одделение, бидејќи и тој мал број што беше ја напуштија оваа држава - вели Димче Донески, раководител на ПОУ „Ванчо Николески“ во село Косел.

Во помалитe средини доминираат т.н. комбинирани паралелки, каде што заедно учат ученици од прво до петто одделение.

Сепак, ќе се внимава и на тоа децата од прво до трето одделение да имаат настава во местото на живеење.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование