Оваа година МППС одлучи да награди 10 новинари, поради квалитетот и важноста на сториите што се обработени. Освен Поповска, награди добија и: Анета Ристевска - Лице в лице; Христина Ѓорѓиевска - Види Вака; Ангела Рајчевска - СКУП Македонија, Зоран Јованоски - 360 Степени, Никола Здравковиќ - 360 Степени, Петар Клинчарски - 360 Степени, Ивана Настеска - Види Вака, Војислав Мојсовски - веб-редакција Слободен печат и Теодора Цветковска -ТВ Телма.
МППС доделува награди за новинари што пишуваат на социјални теми, поврзани со сиромаштија и социјална исклученост, а на тој начин им даваат глас на луѓето што ретко имаат можност јавно да зборуваат за своите проблеми и се речиси општествено невидливи. Она што овој проект го прави уникатен е составот на жирито, односно улогата на членови во жирито ја имаат исклучиво луѓе кои имаат искуство со живот во сиромаштија.
Наградената приказна може да ја прочитате на овој
ЛИНК.