X
 16.06.2019 Живот

На компанијата „Нинтендо“ поважни ѝ се здравјето и животот на вработените од профитот!

Во софтверската и гејминг индустријата, вработените често се соочуваат со кратки рокови, а производите, односно игрите и програмите се наменети за милиони луѓе и не смеат да доцнат, бидејќи ако станете или доцнете, конкуренцијата може да ви ги одземе корисниците.

Ваквите ситуации се стресни и лошо делуваат за сите луѓе во компанијата и тоа влијае врз нивните приватни животи и животите на нивните семејства.

Токму поради овие причини „Нинтендо“ ја одложи играта „Преминување на животните: Нови хоризонти“ за 20 март 2020 година. Компанијата не сакала да им создава дополнителен притисок на вработените и да им дава рокови што може да се реализираат само со многу стрес и прекувремени работни часови.

- Едно од основните начела во „Нинтендо“ е луѓето да се направат среќни и да имаат насмевка на лицето. Ова е визијата на компанијата и не се однесува само на корисниците на нашите производи, туку и на вработените. Не сакаме да брзаме со производите што не се спремни ниту сакаме да ги притискаме вработените на деноноќно работење за да се испочитува рокот. И тие треба да имаат време за приватен живот - изјави Да Босер, претседател на „Нинтендо“ во Америка.

- Нема да пуштиме на пазарот игра ако не е готова. Одложена игра на крајот излегува добар производ, но избрзана игра засекогаш останува лоша - додава тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот