X
 19.07.2023 Живот

Singular поставува нови стандарди со оригиналниот пристап кон придобивките за вработените

Ставајќи фокус на носечката идеја - да ја поддржи и мотивира индивидуалноста на секој вработен - софтверската компанија Singular гради сосема нов пристап кон потребите на секој член на тимот. 

Дел од пакетот за вработени се 25 бенефити, меѓу кои работа на интернационални проекти, 30 дена платен одмор, породилно отсуство за двајцата родители, како и онлајн вебинари низ кои се овозможува развој во различни делови од животот. Од 2021 година Singular е дел од Flutter Entertainment Plc., водечка светска компанија за онлајн спортско обложување и игри, придружувајќи се на дел од најпознатите брендови во индустријата, како PokerStars, FanDuel, Paddy Power, Betfair, Sisal, Blip и Sportsbet. Со поддршка од Flutter, Singular создава широк спектар на можности за кариерен развој и притоа го негува сопствениот идентитет. Носечки дел на овој пристап е почитта што компанијата ја има за секој вработен, но и довербата во нивните индивидуални вредности и квалитети. На тој начин креира услови кои секому ќе му овозможат да напредува и да се развива и да отвори ново поглавје во својата уникатна приказна.

Овој пристап е целосно инкорпориран во компаниската култура на Singular како дел од Positive Impact Plan на Flutter. Планот на целата групација е базиран на три столба, а еден од нив - Work Better - е фокусиран на позиционирање на луѓето и нивната индивидуалност во самиот центар. Во Singular, сепак, приказната секогаш е поширока бидејќи пакетот на придобивки е поголем од едноставно обезбедување можности за напредок во кариерата и професионален раст.


Дарко Гацов

- Со вработените негуваме односи засновани на доверба, заемна добивка и опкружување што ни овозможува на сите да напредуваме во секој аспект. Нашиот извонредно поврзан тим посветува големо внимание да се осигури дека секој се чувствува комфорно и може да го искористи својот целосен потенцијал. Фокусот е ставен на најсовремените технологии и иновативни решенија, а воедно им овозможуваме на нашите вработени да останат во првите редови на технолошката индустрија. Работниот живот без предизвици може да биде досаден и демотивирачки. Од друга страна, секој член на нашиот тим има простор и време кое може да го помине со своето семејство, со своите најмали и најмили, да патува и да го најде балансот што го прави среќен - вели Дарко Гацов, Director of Operations во Singular во Скопје.

Суштината на пристапот што компанијата го практикува на планот на придобивките е дека тие се конципирани за да ја продлабочуваат поврзаноста на тимот, но и да креираат можности за секоја личност да се развива според сопствените потреби. Една од придобивките што овозможува подобрување на тимската комуникација и соработка е компанискиот тим-билдинг. Во 2022 сите три канцеларии на Singular се собраа во Кипар, каде што имаа можност да се сретнат со своите стари колеги, но и да ги запознаат новите членови на тимот. Дополнително, овие патувања нудат забава и релаксација, но и го зголемуваат степенот на енергија, инспирација и лично задоволство. Поради тоа, во пакетот на придобивки Singular ја вклучува и програмата Take 20, со која вработените можат да работат од која било дестинација во странство во времетраење од 20 дена.



Креирањето можности за вработените е инвестиција не само во поединците, туку и во најблиските, особено во рамките на нивните семејства. Тимот на Singular има приватно здравствено осигурување, како и денови кои вработените може да ги земат во случај на настинка, главоболка и други болести. Компанијата, исто така, верува дека родителството е тимска работа и од тие причини, покрај задолжителното мајчинско породилно отсуство, пакетот вклучува платено татково отсуство во времетраење од четири недели, како и дополнителни 12 недели доколку е потребна дополнителна грижа за малечките што се родени предвреме.

Дополнително, Singular овозможува премиум-претплати на апликациите за медитација и личен развој Headspace и Mind Tools, организира канцелариски настани и работилници кои покриваат разни теми за подигнување на свеста за менталното здравје на работното место, а и има простори за одмор за секој вработен да има простор за релаксација во моментите кога тоа е најпотребно. Сето ова придонесува кон визијата на Singular - да креираат можности кои ќе им овозможат на вработените личен и професионален развој, но ќе ги поттикне воедно и да ги споделуваат своите вредности, искуства и инспирации. Со други зборови, да дознаат како да станат добар „фит“ и да го искористат тоа знаење за да растат заедно на работното место.

- Голем предизвик и задоволство е да се биде дел од Singular во текот на растот од стартап до глобален бренд. Успехот на компанијата континуирано создава можности за кариерен развој за вработените преку градење заемни односи во кои никој не чувствува дека дава повеќе отколку што добива, и работодавецот и вработените чувствуваат почит и посветеност, создавајќи средина каде што се охрабруваат идеи и споделување на знаења. Низ годините, тие се развија во насока која не само што ги адресира нашите цели во кариерата, туку и личните аспирации. Со гордост можеме да кажеме дека во секоја канцеларија градиме тимови that FIT - вели Елена Михајлоска-Димоска, Head of Communications and Employer Branding.


Елена Михајлоска-Димоска

Приказната на Singular не само што е исклучителна, туку е и инспиративна. Софтверската компанија изминативе 14 години изгради силен интернационален кредибилитет преку развој на компетитивни продукти, а потврда за нивниот врвен квалитет се наградите освоени на интернационално ниво. Флексибилност и иновативност се само дел од карактеристиките на производите на Singular кои се изградени од тим од повеќе од 170 луѓе во сите три канцеларии во Македонија, Грузија и Малта.

За повеќе информации за Singular, пакетот на придобивки и отворени работни позиции, посетете ја: culture.singular.uk.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот