X
 19.08.2020 Живот

Медитациска техника стара 2.500 години помага да го исчистиме умот

Випасана е медитациска техника стара 2.500 години која е популарна меѓу будистите и други луѓе.

- Кога нашето тело е валкано, тоа можеме да го видиме, па го чистиме. Но, кога умот е валкан, тоа не може да се види. Випасана-методот се практикува за чистење на умот - вели Анагарика Аганјани, випасана-предавач.

- Една специјалност на методот е тоа што се фокусира на природните работи. Не мора да кажуваме никакви зборови. Само го следиме дишењето, а дишењето е поврзано со нашиот ум. Випасана е комбинација од два збора: „ви“ и „пасана“. „Пасана“ значи да гледаш, а „ви“ значи на посебен начин. Првиот чекор од випасана почнува со „анапана“, што се однесува на техниката на гледање на вдишувањето и издишувањето. Целата медитација е насочена кон носот. Главната цел на анапана е да се одржува стабилен и фокусиран ум - вели Ананда Шакја, кој исто така е випасана-предавач.

Потребно е да изберете мирно место и да седнете во позиција со скрстени нозе. Ако имате проблем со половината, тогаш можете да седнете и на стол. Потребно е грбот да ви биде исправен, очите затворени и да дозволите процесот на дишење да се случи на природен начин. Випасана-медитацијата е поврзана со тоа да станете свесни за работите што се случуваат во сегашноста.

- Ако нашиот ум е чист, тогаш ќе бидеме пријателски настроени кон другите, ќе имаме сочувство за другите, ќе бидеме среќни за напредокот на другите. Токму ова ќе ни помогне во негувањето на доброто однесување - велaт випасана-експертите.

Ако практикувате ваков вид медитација, тогаш стравот и вознемиреноста ќе исчезнат од вашиот живот и вашиот ум ќе биде стабилен и спокоен. Ќе можете да развиете капацитет за справување со каква било ситуација, без оглед дали е добра или лоша.

Извор: ВВС
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот