Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни годинава изнесува 31.869 денари и во споредба со јуни лани е зголемена за 10,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: објекти за сместување и сервисни дејности со храна, 23,1 процент, уметност, забава и рекреација (17,5 проценти) и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (16 проценти).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, има во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување (6 проценти), трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (5,7 проценти) и рударство и вадење камен (4,3 проценти).
Според ДЗС, во јуни годинава просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен изнесувала 47.634 денари.