X
 24.12.2021 Здравје

Јапонски научници создадоа вакцина што го забавува стареењето

Конечно е направена вакцина против стареење. Јапонски научници ја претставиле вакцината за која тврдат дека може да елиминира таканаречени „зомби-клетки“ поврзани со стареењето и разни болести.

Истражувачкиот тим кој стои зад вакцината бил предводен од професорот Тору Минамино од Универзитетот „Џунтендо“. Според резултатите од истражувањето на научниците спроведено на глувци, вакцината ги намалува сенесцентните клетки, познати како „зомби-клетки“, кои се собираат со годините и се поврзани со состојби како артритис и згрутчување на артериите.

- Може да очекуваме вакцината да биде применета за лекување на артериите, дијабетес и други болести поврзани со стареењето - изјавил професорот Минамино.


Фото: Pixabay

Сенесцентните клетки се дефинираат како клетки кои со текот на времето престануваат да се делат. Овие клетки почнуваат да ослободуваат штетни хемикалии кои ги оштетуваат нормалните клетки и предизвикуваат воспаленија.

Новата вакцина создава антитела кои се врзуваат со старите клетки, овозможувајќи им на белите крвни зрнца да ги отстранат.

Научниците тврдат дека новата вакцина има помалку негативни нуспојави од третманите против стареење на клетки што се користат моментално.

Извор: Eklinika
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје