X
 19.09.2019 Живот

Мапа што ви овозможува да видите како се променила вашата адреса во изминативе 750 милиони години

Дали некогаш сте се запрашале како изгледала Земјата пред милиони години, кога и како се променила низ годините? Доколку ве интересира тоа, можете да пребарувате на неодамна објавената интерактивна мапа.

На пример, пред 240 милиони години парчето земја што сега е наречено Национална алеја во Вашингтон било дел од суперконтинент наречен Панагеа. За време на раната епоха тризаик, Националната алеја била во непосредна близина на Мавританија.

Иан Вебстер, куратор на најголемата дигитална база на податоци за диносауруси, е брилијантниот ум што стои зад оваа визуелна алатка наречена „Античка Земја“. Тој извлекол информации од проектот наречен „PLAEOMAP“ за да ја направи мапата.

Мапата вклучува голем број навигациски функции. За да ви помогне, Вебстер ја направи мапата со модерни политички граници, а може дури и да пребарувате специфични локации, како што е вашата домашна адреса. Користејќи ги левото и десното копче на глувчето, можете да се вратите назад во времето или да одите напред и да ги менувате континентите. Мапата оди 750 милиони години во минатото, па до 21 век, така што можете да гледате како се менува одредена локација во кој било период.

Мапата можете да ја разгледате ТУКА.

planeta
Планетата пред 600 милиони години

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот