X
 19.09.2023 Живот

Луѓето со овој проблем се опасни во сообраќајот исто колку и пијаните возачи

Истражување покажало дека возачите што страдаат од акутни алергии на полен се склони кон несреќи исто колку и пијаните возачи, бидејќи само едно кивање при возење со брзина од 100 километри на час може да предизвика возење „на слепо“ од дури 30 метри.

Додека одредени лекови можат да помогнат при течење на носот и насолзени очи, експертите препорачуваат да се проверат филтрите за воздух во автомобилот кои ги задржуваат несаканите компоненти од воздухот како полен, прашина, бактерии или алергени однадвор.

Филтрите треба редовно да се менуваат за да не станат место за собирање несакани компоненти. Експертите препорачуваат филтрите во автомобилите да се менуваат на секои 15.000 километри и додаваат дека дури и возачите што не поминуваат толку голема километража треба да ги менуваат барем еднаш годишно за да се гарантира нивната ефикасност. Тоа најчесто се прави за време на техничкиот преглед, а само неколку модели на автомобили овозможуваат самостојно исклучување и вклучување на филтрите.

Како да се заштитите од полен како возач?

Доколку сте алергични на полен, избегнувајте да се паркирате под дрвја напролет. Пред да влезете во автомобилот, ставете ја јакната во багажникот за да не го префрлите поленот во возилото. Дополнително, најдобро е да ги држите затворени прозорците додека возите, како и подвижниот покрив, доколку автомобилот има таков.

Извор: Kreni zdravo
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот