X
 29.10.2018 Живот

Се подготвува масовен егзодус - од регионот чекаат знак од Германија

Во државите од Западен Балкан со нетрпение се очекува новиот германски закон за имиграција, кој ќе ја либерализира можноста за вработување во Германија.

Се верува дека новиот закон дополнително ќе го поттикне заминување на луѓето од Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија и од Албанија ако во меѓувреме се укинат работните визи.

germanija
Фото: Thinkstock


Најавено е дека Германија ќе усвои нов закон, па турската агенција „Анадолија“ побарала да одговори на следните прашања: дали во иднина ќе бидат потребни работни дозволи, дали ќе биде посебно нагласен профилот на професии што ќе бидат покриени со законски ослободувања, колку работни дозволи биле издадени во текот на минатата и во текот на оваа година за Германија...

- Бидејќи новиот закон за имиграција сѐ уште е во рана фаза на дискусија, ве молиме за разбирање дека моментално не можеме да разговараме за можните ефекти од законот - изјавиле германските официјални лица.

Многу граѓани од Западен Балкан, во кои и понатаму е ниска заработката за оние што работат, а висок процентот на невработените, во изминатиот период одлучиле да заминат во земјите од Западна Европа, првенствено во Германија, за да пронајдат вработување и да си обезбедат егзистенција за себе и за своите семејства.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот