X
 23.05.2020 Здравје

Во изминатото деноноќие регистрирани се 24 оздравени и 20 новозаразени со коронавирус

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Оздравените пациенти, според градови, се од:

- Скопје - 4
- Куманово - 3
- Прилеп - 5
- Тетово - 6
- Велес - 4
- Битола - 2

Во текот на изминатото деноноќие забележан е еден смртен случај. Во ГОБ „8 септември“ починал пациент од Скопје (63г), примен на болничко лекување на 6 мај како сомнителен на Ковид, а еден ден подоцна било потврдено дека е позитивен.

Од Министерството додаваат дека во изминатите 24 часа направени се 744 тестирања, а регистрирани се 20 нови случаи на Ковид-19 и тоа во:

- Скопје - 16
- Куманово - 2
- Прилеп - 2

-Досега во земјата се направени вкупно 24.762 тестирања на Ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 355 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на Ковид-19. Досега со скринингот направени се 2.060 тестирања на Ковид-19, а регистрирани се само два позитивни случаи на вработени во градинка во Битола и во Скопје. Сите останати резултати се негативни - се истакнува во соопштението.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.941, бројката на оздравени пациенти е 1.411, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 417.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје