X
 21.03.2020 Здравје

Препораки за физичка активност во самоизолација

Институтот за јавно здравје направи упатство наменето за луѓе во самоизолација без никакви симптоми или дијагноза на акутна респираторна болест. Ова упатство не треба да замени професионален медицински надзор, во случај на здравствена потреба


Со оглед на тоа што нови случаи на Ковид-19 продолжуваат да се појавуваат во Македонија, од многу здрави лица се бара да останат дома, во самоизолација. Фитнес-центрите во нашата земја се исто така затворени, но тоа не значи дека треба да престанете со физичката активност.
Од Институтот за јавно здравје велат дека престојот дома подолг временски период може да претставува значаен предизвик за можноста да бидете физички активни. Долгото седење и ниското ниво на физичка активност можат да имаат негативни ефекти врз здравјето, благосостојбата и квалитетот на живот.

Самоизолацијата, исто така, може да предизвика дополнителен стрес и да влијае и врз психичкото здравје на граѓаните. Физичката активност и техниките за релаксација можат да бидат вредни алатки кои, во ваков период, ќе ви помогнат да останете смирени и да продолжите да го заштитувате вашето здравје, но и здравјето на другите.
СЗО препорачува неделна физичка активност од 150 минути со умерен интензитет или 75 минути со силен интензитет, или комбинација од двете.

Овие препораки можат да се постигнат и дома, без посебна опрема и во ограничен простор.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје